Post Header
Пред некое време на Google Play се појави неофицијална апликација за Android за Archive of Our Own - AO3 (Наша сопствена архива). Бидејќи ова повторно ја отвори темата, сакаме да ја искористиме оваа можност да позборуваме за моменталната состојба на развојот на официјална АО3 апликација.
„Дали сте размислиле да направите апликација?“ е едно од најчестите прашања што ги добиваме, но во развивањето на мобилни апликации нема такво нешто како „една апликација“. Апликациите мора да се направени за различни мобилни платформи - Андроид, iOS и Windows Mobile како трите најголеми - а и за многуте верзии на тие платформи што сѐ уште се користат.
Пред да можеме да почнеме да развиваме апликација која ќе ви дозволи да правите нешто повеќе од само да ги прегледате неограничените дела, би морале да равиеме јавен API - дефинитивно нешто што е во планот на развој, но планирано да се случи по неколку големи промени. Потоа би морале да направиме различни, пристапни кориснички интерфејси за телефони и таблети. Она што изгледа мал, прост проект многу брзо се развива во нешто за што се потребни многу специјализирани ресурси со разнолики вештини. Иако во минатото имаме изјавено дека би сакале да развиеме мобилна апликација за АО3, потребните ресурси едноставно не ни се достапни.
Програмерите кои работат на АО3, тоа го прават на волонтерска база и даваат онолку време колку што можат за да го поддржат нејзиниот развој - но тоа време е ограничено и целосно е зафатено со работата која е потребна да се одржува правилното работење на АО3. Или тимот ќе потроши повеќе време на понатамошно подобрување на АО3 или на развивање на апликација - едноставно нема доволно волонтери кои би ги поддржувале и двете активности.
Првичниот развој не е единственото нешто што ќе бара ресурси. Апликацијата ќе треба да се одржува и да се ажурира постојано за да продолжи да функционира како што ќе се објавуваат нови верзии на секоја платформа, а и за да се пренесат нови и подобрени алатки на АО3! Бидејќи апликацијата би барала посветен тим за долготрајно да ја одржува, не е нешто што можеме уверено да го финансираме со донации.
Но, кодирањето и тестирањето на ресурси не е ни најмалата работа што е потребна за да се одржува апликацијата! Ќе бидат потребни ресурси и од следните тимови:
- Комисијата за поддршка ќе треба да има персонал и обука за да може да помогне со било кои технички проблеми кои ќе се појават на секоја платформа,
- Нашиот тим за Документација ќе треба да создаде и постојано да ги обновува документите за поддршка за апликацијата и
- тимот за Преведување ќе треба да ја преведе и постојано да ја обновува документацијата за апликацијата за таа да биде пристапна за оние корисници кои не зборуваат англиски.
Ова не само што ги надминува ресурсите кои моментално ги имаме, туку и ќе ги одвлече членовите на тимовите од работата на нашиот план за развој.
Целта на нашиот тим е да ја одржиме АО3 достапна и пристапна за колку што е можно повеќе луѓе. Најдобриот начин да го направиме тоа е да ги фокусираме нашите напори за да изградиме една функционална верзија на АО3 што работи (и тоа добро!) на што е можно повеќе уреди. Бескрајно сме посветени на тоа да се осигураме дека ова вклучува уреди од секој вид и ќе продолжиме да ги фокусираме ресурсите на подобрувањето на функционалността на мобилната верзија на страницата и корисността за сите. Ова значи дека создавањето на самостојна апликација едноставно не е можно во оваа фаза на развојот на АО3.
Да го спомнеме и сигурносниот аспект, доколку апликација или веб-страница од трета странка Ви ги побара информациите за најавување на АО3, Ве молиме внимавајте и бидете свесни дека ги давате овие информации на сопствен ризик. Иако моментално не постои грижа за сигурносни ризици, доколу мислите дека Вашата сметка може да е компромитирана во било кој момент, тогаш сменете ја Вашата лозинка.
Оваа објава за вести ја преведоа преведувачите волонтери на OTW. За да дознаете повеќе за нашата работа, посетете ја страницата за Превод на transformativeworks.org.
